Почитувани клиенти, Ве молиме, пред да ги користите нашите
услуги, внимателно прочитајте ги следниве услови. Секоја посета на нашиот сајт
како и купување, тоа значи дека сте ги прочитале овие услови и сте се согласиле
со нив целосно. Ако се тие неприфатливи за вас, можете да не ја користите оваа страница.
Добредојдовте на сајтот shop.termalift.com.mk. Термалифт ви дозволува да ги користите услугите и содржината на својот портал. Услови на користење се однесуваат на сите содржини и услуги на shop.termalift.com.mk. Со користење на било кој дел на порталот, се смета дека корисниците се запознаени со овие услови и ја прифаќаат употребата на содржините на овој веб-сајт само за лична употреба и на свој ризик.
Општи одредби
Shop.termalift.com.mk има авторско право на сите содржини
(текстуални, визуелни и аудио материјали, бази на податоци, програмски код).
Неовластеното користење на било кој дел на порталот, без дозвола на
сопственикот на авторските права, се смета за кршење на авторските права и подлежи
на законски мерки.
Термалифт го спроведува овој сајт од своите канцеларии во Куманово, Р.Македонија. Воедно не
изјавува дека материјалите или услугите на овој сајт се соодветни или достапни
за употреба надвор од Р.Македонија, како и пристапувањето во областите каде
нивната содржина е нелегална и е забранета. Не е дозволено да се користи увоз
или извоз, извоз на материјали или услуги на овој сајт во било која форма или
адаптација кршење на важечките закони или други прописи, вклучувајќи ги, без ограничување, законските и
прописи на Р.Македонија. Ако одберете да и пристапите на оваа локација надвор
од Р.Македонија , тоа го правите на сопствена иницијатива и сте одговорни за
усогласеност со важечките локални закони. Овие Услови ќе се толкуваат во согласност
со законите на Р.Македонија и нема да се применуваат принципите за решавање на
несогласувањето на законите.
Термалифт може да ги ревидира овие Услови, во секое време со ажурирање на овој документ. Повремено посетувајте ја страницата да ги видите условите кои се применуваат во моментов, затоа што тие се обврзувачки за вас. Одредени одредби од овие Услови може да се замени со јасно определени правни известувања и термини достапни на одредени страници на сајтот.
Материјал кој го препраќа корисник (коментари, и други содржини)
Личните податоци кои поминуваат на сајтот
shop.termalift.com.mk со цел добивање на производот ќе се третираат во
согласност со нашиот документ за заштита на приватноста на мрежата. Забрането е
да се испрати или пренесува на овој сајт или било што незаконско, заканувачки,
навредливи, клевети, непристојни, порнографски или други материјали кои ќе го
нарушат законот.
Термалифт на овој сајт не сака да добие доверливи или други информации со кои не може слободно за располага. Било каков материјал, информации или други комуникации кои ќе се пренесуваат на овој сајт, нема да се сметаат за доверливи оние со кои не може слободно да се располага.
Shop.termalift.com.mk нема обврски во однос на овие комуникации. Нашите вработени може да копираат, да го објават, дистрибуирааат, применат или на друг начин да ги користат сите комуникации и сите податоци, слики, звуци, текст и други работи прикажани во него за сите комерцијални и некомерцијални цели. Се разбира, во оваа група на податоци не ги вклучува вашите лични информации. Тие се во согласност со нашата политика за приватност, ние ги користиме само за внатрешна употреба или при пренасочување кон трети лица, ќе се користат само за целите на обработка на вашата нарачка.
Линкови до други веб-сајтови
Линковите од овој веб-сајт кон други веб-страници се обезбедени само за да ви помогнат и да ви ја олеснат работата. Ако ги користите овие врски, ќе ја напуштите оваа локација. Shop.termalift.com.mk не ги разгледува сите сајтови на независни производители и не ги контролира и не е одговорен за било кој од овие сајтови или нивната содржина. Затоа, ние не го поддржувaме, и не даваме никакви изјави за нив, или за било какви информации, софтвер или други производи или материјали кои се наоѓаат таму, или никакви резултати што може да се добијат при користењето на напоменатите сајтови. Ако се одлучите да пристапите на некој од веб-сајтовите на независните производители кои се поврзани со овој сајт, тоа го правите на сопствен ризик.
Избор на производи
За да ви биде овозможено купување преку нашиот сајт морате да бидете регистриран корисник или да оставите податоци за адреса за достава. Процесот за регистрација е доста едноставен и од вас ги бара само основни лични податоци. На врвот на секоја страница има мени со категории на производи. Со избирање на категорија се отвора нова страница со останатите производи. Ако ви се листа група на производи за кои сте заинтересирани, повеќе информации за одреден производ, можете да го видите со кликнување на името на производот или на сликата. Доколку не знаете во која категорија на производи припаѓа производот за кој сте заинтересирани, можете да го користите полето за пребарување кое се наоѓа на врвот од секоја страница. Во областа може да го внесете кодот на производот, името и слично. За време на прегледот на располагање за купување призводи, ќе се забележи дека постои копче „ДОДАДИ ВО КОШНИЧКА“ . Кога ке го кликнете тоа копче ке бидете известени дека производот е во вашата „КОШНИЧКА“. Можно е да го додадете на неколку наврати истиот производ во кошничка.
Содржина на кошничка
Во секое време, веб-сајтот
ви нуди преглед на сите производи што сакате да ги купите. Со едноставно
кликнување на иконата на кошничката во горниот десен агол се појавува преглед
кој ги претставува сите производи подготвени за купување. Можете лесно да ги
избришете ставките од кошничката или да го зголемите бројот на саканите
производи.
Нарачка на производи од кошничка
Кога ќе бидете спремни да ја извршите нарачката потребно е само да кликнете на страната каде што се наоѓа кошничка и кликнете на копчето „НАПЛАТА“ и притоа ќе ви се прикаже содржината на сите артикли кои сте ги внеле во кошничката. Ќе ви биде понудено да влезете во вашиот профил или да се зачлените-регистрирате. Формуларот кој го пополнувате за време на регистрацијата потребно е да го пополните само еднаш, а секој нареден пат доволно е само да се логирате со својот профил.Потоа ке ви се отвори страна на која треба да се изврши затварање на нарачката, во 5 чекори. Доколу сте се предомислиле во врска со нарачката и сакате да промените било што едноставно можете да се вратите на страната каде што е кошничката со клик на „Продолжете со купување“ . Враќање на делот за плаќање може да се вратите со клик на „НАПЛАТА“ (во делот каде што се наоѓа кошничката).
Избор на начин за плаќања
Начинот на кој можете да ја платите нарачката е онлајн со картичка или при пополнување и уплата на уплатница.
Реализирање на нарачка
При кликање на ПОТВРДЕНА НАРАЧКА, ќе ви се прикаже известување за успешно испраќање на нарачката. На е-маил адресата која сте ја посочиле при регистрација на сајтот, наскоро ќе ви пристигне потврда за нарачаните артикли, а откако ќе се евидентира вашата нарачка на телефон ќе ве исконтактира наш оператор кој работи во делот на интернет продажба за проверка на испораката. За сите дополнителни прашања можете да не контактирате на е-маил или на телефонски број посочени на страната „КОНТАКТ“.
Испорака
Откако ќе ја потврдите нарачката ќе ве исконтактира продажниот асистент за потврда и следи проверка на сите податоци,
најдоцна во рок од 24 часа. Тоа важи
само за производи во кои е вклучена и испорака. Повеќе детали имате во
„ИНФОРМАЦИИ ЗА ДОСТАВА“. Рокот на испораката е максимум 4 работни дена.
Нова пошта или карго експрес (екстерни фирми која вршат
достава на роба за нас) нарачката ја испорачуваат на адреса во рок период од
8:00 до 16:00 часот. Ве молиме кажете за време на овој период да се осигура
дека на лице место ќе има особа која ке може да ја прими испораката.При превзимање
на пратката потребно е да се изврши визуелен увид на пакетот, да не случајно
има некои физички видливи оштетувања.Доколку приметите било какво оштетувања на
самиот пакет или пак се сомневате дека можеби производот е оштетен, треба да се
одбие пратката и во истиот момент да не известите. Доколку е се во ред со
пратката без никакви оштетувања слободно превземете ја и потпишете се на
испратницата која ќе ви ја приложи курирот. Секоја пратка има испратница во два
примерока. Вообичаена пракса е доколку курирот не ве пронајде на назначената
адреса, ќе треба да ве исконтактира на телефон-контакт кој сте го посочиле при
креирање на нарачката и да се направи договор за нов термин за испорака на
нарачката. Доколку и во тој случај повторно не ве пронајде на посочената адреса
нарачката се враќа кај нас. Откако ќе ја примиме ќе ве исконтактираме за да дојдете да ја преземете од ТЕРМАЛИФТ
Куманово
Испораката е бесплатна.
Рекламации
При превземањето на пратката ќе ве замолиме да присуствува и
курирот додека вршите проверка на својот пакет. Доколку на него нема видливи
оштетувања (скинати делови и
набиени-згужвани) пакетот не би требале да го превземете. Во овој случај ве
замолуваме да не исконтактирате и
наведете причина поради која сте одбиле да го превземете пакетот. Во најкраток
можен рок ќе ве известиме за понатамошната постапка.
Доколку сте ја примиле пратката и откако сте го отвориле
пакетот сте воочиле дека испратената роба не одговара на вашата нарачка или пак
сумата на сметката не е валидна, ве молиме да не исконтактирате во рок од 24
часа од самиот момент на примање на испораката и опишете каков проблем имате. Во најкраток можен рок ќе ве
известиме за понатамошната постапка.
Доколку на купениот производ се појави неусогласеност во смисла на одредбите од Законот за заштита на потрошувачите, ве замолуваме да постапите на начин дефиниран во правилникот за рекламација на потрошувачите за роба купена на интернет продавница и ја пополните нашата форма за рекламација достапна на веб-сајтот.
Заштита на приватност
Во име на Термалифт Online Shop се заложуваме дека ќе биде
зачувана приватноста на сите наши клиенти. Ние ги собираме само потребните,
основни информации за клиенти/корисници и информациите потребни за бизнис и за
информирање на корисниците во согласност со добрите деловни обичаи и со цел да
се обезбедат квалитетни услуги. Ние им даваме можност на избор на корисниците
вклучувајки ја и одлуката за тоа дали сакаат да бидат избришани од
е-маилинг-листи кои се користат за маркетинг кампањи. Сите податоци за корисници/купувачи
се строго доверливи и се достапни само на вработените кои имаат потреба со
таквите информации да ги извршуваат своите должности. Сите вработени во Термалифт
онлајн продавница (и бизнис партнери) се одговорни за усогласеност со
принципите за заштита на приватноста.
Кога ќе влезат деталите за платежната картичка, чувствителни информации се пренесуваат преку јавните мрежи во заштитена(енкриптирана) форма со користење на SSL и PKI системот, што во моментов е најнапредната криптографска технологија. Сигурноста на податоците при купување, го гарантира процесот со платежна картичка, Стопанска банка Р.Македонија, па така комплетно процесот на наплата се објавува на официјалната страна на банката. Во ниеден момент податоците за платежната картичка не се достапни за нашиот систем.
Враќање на средства
Во случај на враќање на стоката или враќање на средствата на
купувачот кој претходно платил со одредена платежна картичка, делумно или во
целост, без оглед на причината за враќање, Термалифт онлајн продавница е должна
да го врати само преку Visa, MasterCard и Maestro плаќања, што значи дека
банката на барање на продавачот ќе ги врати средствата на сметката на
сопственикот на картичката.