Заштита на личните податоци

Со цел да се процесира вашата нарачка потребни ни се Вашите име, адреса, e-mail и телефон. Преку доставените податоци, ние ќе бидеме во можност да направиме испорака на нарачаните производи, како и да Ве известиме за статусот на пратката. Од наша страна ветуваме дека приватноста на сите наши клиенти/купувачи ќе биде зачувана и заштитена. Потребни ни се само основните информации за нашите клиенти/купувачи заради информирање во согласност со добрите деловни обичаи и со цел да се обезбедат поквалитетни услуги. Нашите корисници имаат избор вклучувајки ја и одлуката за тоа дали сакаат да бидат избришани од mailing- листите. Сите информации за клиенти/корисници се строго доверливи и достапни само за вработените на кои им се потребни за извршување на работата. Сите вработени во Термалифт се одговорни за почитување на начелата за заштита на приватноста. Ние се обврзуваме дека собраните податоци не ги користиме во било која друга цел, ниту ги споделуваме со трети лица, освен во услови на потреба за контакт при доставување на нарачката.


Според наведеното, собираме, анализираме и ги обработуваме податоците за производите кои нашите корисници ги бараат и ги купуваат, како и страницата која ја посетуваат. Тие податоци и информации ги  користиме со цел да ја подобриме нашата понуда и изгледот на нашиот сајт, за да можете полесно да го користите, за поквалитетно и побезбедно шопинг искуство.


Колачиња

Термалифт користи ,,колачиња,, со цел користењето на страницата да се прилагоди на Вашите потреби. “Колаче” (cookies) е текстуален фајл кој е сместен на хард-дискот на Вашиот компјутер од страна на веб серверот и не може да се користи за да стартува програм или да пренесе одреден вирус на компјутерот. Колачето е наменето за Вас како корисници и единствено може да биде прочитано од страна на веб серверот во домен кој Ви го испратил. Основна цел на “cookies” е да обезбедат бенефиции кои ке ви заштедат време при користењето на веб-сајтот.


Согласност и промена на условите

Користење на нашите услуги подразбира согласност од корисникот со гореспоменатите услови за користење. Термалифт се обврзува дека ќе се придржува на сѐ што е погоре наведено, а сите промени на условите ќе станат валидни само по објавувањето на оваа страница.